Го спасила животот на својата ќерка како што можат само најхрабрите. Приказната за Лејла Залихиќ од Бутуровиќ Поље кај Коњиќ и нејзината борба за животот на ќерката
Нејзината 13-годишна ќерка паднала во поројната вода кој ја однела речиси три километри. Таа скокнала од третиот кат од куќата, пливала и успеала да ја спаси ќерка си.
-Почувствувавме кога куќата прво еднаш, потоа втор пат силно се затресе и на крајот се сруши а ние пропаднавме заедно со неа. Се сеќавам дека ги слушнав врисоците на мојот сопруг, свекрва и ќерка – низ воздишка изјави Залихиќ за „Аваз“.
Свесна била, вели, дека нема семејство. Не знаеше каде плива цела беше со повреди и модринки.
-Ќерка ми ме забележа и почна да ме вика. Не можев да дојдам до неа од дрва, работи, апарати за домаќинство. Ги туркав, нурнав под нив, поминав преку нив, ги расчистив за да стигнам до неа. Кога ја најдов, ја влечев зад себе, беше премногу тешко, чизмите и облеката ми беа натопени, но успеавме да стигнеме до брегот, каде што седевме можеби час и половина. Се обидувавме да откриеме каде да одиме, не знаевме во кој правец да одиме – изјави Залихиќ.
Не се сеќавам на сите детали, но знам дека стигнавме до една куќа во која дојдоа полиција и цивилна заштита и не однесоа во Итната помош – изјави Залихиќ.
Таа не знаела ништо за нејзиниот сопруг, подоцна ја известиле дека е жив. Сепак, сè уште не ја нашле нејзината свекрва.