Погребот на 6 месечното бебе, кое вчера го уби неговата 37-годишна мајка во Верија (Грција), се изврши денеска попладне на гробиштата покрај црквата Свети Ѓорѓија во Иматија. Немало класичен погреб, бидејќи детето било некрстено. Свештеникот прочитал молитва, а потоа погребот се извршил на селските гробишта.
Во меѓувреме, според ЕРТ, таткото на новороденчето се обидел да биде на погребната церемонија, но родителите и другите роднини на 37-годишниот татко не му дозволиле, принудувајќи го да ја напушти црквата и гробиштата.
– Го поканив да дојде на погребот, како што морав. Штом стигна на 30 метри почна да не пцуе… Го избркав, вели дедото на новороденчето.
На местото на настанот била присутна и полиција, но не морала да интервенира.
Во меѓувреме, 37-годишната мајка која си го уби бебето, медицинска сестра по професија, била однесена кај обвинител за да се изјасни и тврдела „немав намера да го убијам детето. Во мојот обид да го нахранам детето, настапи смрт“. Обвиненијата со кои се соочува се своеволно убиство од небрежност во мирна состојба на умот.
Воедно, шокантни се резултатите од обдукцијата на телото на 6 месечното новороденче кое во вторникот напладне беше убиено од рацете на сопствената мајка. Според наодите добиени од обдукцијата во Судската служба во Солун , доенчето се здобило со фрактура на черепот и повеќе повреди на лицето и усната шуплина .
37-годишната мајка покрај рацете го употребила и шишето на бебето за да го удри по лицето. Неговата смрт е резултат на комбинација од повреди на главата и траума од тапа сила. Детето без свест било пренесено во болницата во Верија, каде за жал била констатирана смрт .
Мајката си го уби новороденчето пред очите на нејзините две ќерки на возраст шест и седум години, кои го имала со својот прв сопруг.
Меѓутоа, пред оваа ужасна ситуација имало сериозни тензии и стресови во животот на жената. Откако се развела од првиот сопруг, го запознала вториот партнер, но пред да го донесе нивното дете на свет решила да се разделат. Жената постојано се жалела од нејзиниот последен партнер со кој била сè само не среќна. Грчките медиуми ја споменуваат и постпородилната депресија со која се соочувала жената, но и воопшто сериозните проблеми кои ги имала.