Полицијата во Србија и Хрватска ги истражува наводите на манекенката Лидија А. дека на улиците во германскиот град Минхен наводно го видела Матеј Периш, младото момче Сплит кој исчезна во Белград пред речиси месец и половина.
Лидија се огласи на Инстаграм и ги праша луѓето колку точно е висок исчезнатиот сплитќанец, бидејќи е сигурна дека три пати видела млад човек кој е „ист како него“. Таа најави и дека ќе дојде во Белград и ќе се обиде да објасни што видела.
Она што досега се знае за неа е дека се занимава со манекенство и живее во Минхен.
Информацијата дека полицијата ги проверува наводите на девојката која тврди дека видела млад човек кој изгледа исто како Матеј Периш, ја коментираше и неговиот татко Ненад, кој рече дека полицијата ги проверува сите информации според процедурите.
Тој рече дека се уште се надева, но дека е внимателен со ваквите информации бидејќи досега сите се покажале како неточни.
Да потсетиме, Матеј Периш исчезна пред речиси месец и половина во Белград, нешто по 1.40 часот ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога истрча од клубот „Готик“.
Надзорните камери го снимиле како трча низ белградските улици, неуспешно се обидува да запре такси, а десетина минути откако излегол од „Бетонската сала“, дошол кај ресторанот „Саванова“ и се спуштил по скалите кон реката. Се уште не е јасно зошто излегол од клубот и зошто се упатил кон Сава.
МВР на Србија соопшти дека на снимка се гледа како објект се движи низводно по Сава од Бранковиот мост до вливот на Дунав и дека локациите на тој објект се совпаѓаат со последните регистрирани локации од мобилниот телефон на Матеј.