Во петокот, на 1 ноември, околу 11:50 часот загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Ова е списокот со имињата на сите жртви кои загинаа во страшната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница.

Меѓу жртвите имало и две сестри, кои биле на пат да ги посетат своите баба и дедо, како и едно момче и една девојка кои го чекале автобусот.

Најмладата жртва има само шест години, а од 14 жртви, 13 се од Србија, додека еден маж е од Македонија – пишува „Блиц“.

– Комар Немања (2007) од Степановичево
– Руман Андела (2004) од Стара Пазова
– Ѓорѓе Фириќ (1971) од Ковиље
– Фириќ Валентина (2014) од Ковиље
– Сара Фириќ (2018) од Ковиље
– Милица Адамовиќ (2008) од Каќ
– Милева Карановиќ (1948) од Каќ
– Арбутина Ќириќ Сања (1989) од Каќ
– Хрка Стефан (1997) од Белград
– Милосављевиќ Милош (2003) од Кничанин
– Швоња Ѓуро (1947) од Степановичево
– Раковиќ Вукашин (1955) од Буковац
– Васко Саздовски (1979) од Македонија
– Раца Горанка (1966) од Нови Сад