Трагична вест во петокот ја шокираше цела Македонија. Во сообраќајна несреќа животот го загубија тројца млади, меѓу кои двајца пријатели од Кичево.
На 29.03.2024 во 04.50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од младите кичевчани, кои се погребани во кичевски Трапчиндол.
– Кели и Бани, двајца млади кои денеска ја растажија цело Кичово, заминаа во другиот свет затоа што Господ ги сакаше на млади години! Ја доживувам болката како мајка и изразувам сочувство до родителите, членовите на семејството и пријателите! Ние не сме фактор да ги запреме Божјите одлуки, болката е голема, но мора да учиме и од болката!Со многу болка, напиша на фејсбук Ѓила Челику, претседателка на Европското Граѓанско Движење.