Џенгиз и Денис Ондер се таткото и синот кои минатиот петок настрадаа од Нермин Сулејмановиќ во крвавиот пир во Градачац, а несреќните мажи утре ќе бидат испратени во вечното почивалиште.

Заедничкиот погреб на Џенгиз (55) и Денис Ондер (23) ќе се одржи утре. Верската церемонија е закажана за 13:00 часот пред Пожаричката џамија. Погребот ќе се изврши на гробиштата – харемот Сехитлуча.

Како што е познато, Џенгиз и Денис се жртви на налудничавиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој смртно ги застрела минатиот петок.

Во крвавиот поход ја рани и Хариса Ондер, сопруга и мајка на убиените, која со тешки повреди се уште се наоѓа во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Пред нападот на членовите на ова семејство, Сулејмановиќ со истрел од пиштол ја уби и својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ. Своето крваво убиство го објави и на социјалната мрежа Инстаграм. По извршените убиства, Сулејмановиќ си го одзеде животот.

Погребот на неговата сопруга ќе биде извршен денеска.