Мортус пијан човек синоќа украл автобус во Хрватска, но не стигнал далеку. Како што потврдија од полицијата, се се случило ноќта кон саботата во населеното место Покупско.

– Од паркингот е украден автобус „Сетра“ со загрепски регистарски таблички, сопственост на трговско друштво, со кој 52-годишниот осомничен околу 21 часот и 30 минути излетал од коловозот во одводен канал, објавија хрватските медиуми.

Тој бил под дејство на 2,15 г/кг алкохол во организмот. Полицајците го однеле во службените простории за кривична истрага“ж, соопшти во неделата загрепската полиција.

Пожарникарите од Велика Горица објавија видео од спасувањето на пијаниот возач и го нарекоа „саботна ноќна треска“. Пожарникарите морале да влезат во автобусот и да го подигнат пијаниот возач од подот и да го предадат на брзата помош.

За среќа, во несреќата човекот се спасил само со полесни повреди, но се соочува со кривична пријава за неовластено користење туѓ движен имот.