Вчера во српскиот град Обреновац нешто по 18 часот се случи тешка сообраќајна несреќа. Возач на автомобил БМВ удрил во две жени на тротоар, од кои едната им подлегнала на повредите.
Драгица Поповиќ била очевидец на настанот кој ги вознемири сите во населеното место.
– Отидов на училиште да го земам детето. Се враќавме и овде на тротоар стоеја две жени од кои едната беше на велосипед и разговараа. Јас и малиот стоевме овде кај оградата. Брзо налета оттаму, веројатно знаеше дека има лежечки полицаец кај градинката и сакаше малку да закочи, меѓутоа се изврте и прво удри директно во жените, па во хидрантот пред нас. Го повлеков детето, паднавме и двајцата. Водата почна да прска и тој застана таму.
– Не можам да се смирам. Паднав, тој ме крена. Среќа што не бевме понапред, ќе не’ покосеше двајцата – вели Драгица, очевидец на несреќата
Што се случило во близина на градинката „Весељко“ видел и Живко Милутиновиќ.
– Првата жена беше во тешка состојба. Ја оставија другата и потоа ја однесоа. Таа беше подобра.
– А возачот на автомобилот? – прашува еден локален медиумски новинар.
„Пијан како свеќа“, одговара очевидецот.
На лице место интервенирале и пожарникари. Во текот на истрагата, улицата беше затворена за сообраќај.
Според последните информации, една од двете жени им подлегнала на повредите. Се работи за 59-годишна жена. Друга нејзина врсничка се здобила со тешки телесни повреди и е задржана на лекување во ВМА.
Кај возачот измерени 2,8 промили алкохол
По наредба на Основното јавно обвинителство Обреновац приведен е М.К.(31), кој е обвинет дека синоќа во тој град предизвикал тешка сообраќајна несреќа, по што една 59-годишна жена им подлегнала на повредите, додека друга (59) е однесена наклиника поради здобиените повреди.
Како што соопшти Данијела Исаиловиќ, портпарол на Јавното обвинителство во Обреновац, полицијата, брзата помош и заменик-обвинителот на Обреновац излегле на лице место и извршиле увид.
Во таа прилика било констатирано дека М.К управувајќи БМВ со околу 2,8 промили алкохол во крвта, удрил во хидрант и налетал на две жени кои биле на тротоар и ги покоси.
– Како што неофицијално дознаваме, тој синоќа бил сослушан во полиција каде не успеал да ја изнесе својата одбрана и зборувал неповрзано токму поради големото пијанство, објави Блиц.рс.
Случајот за оваа сообраќајна несреќа денеска го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград.