Една девојка во изјава за српските медиуми, вели дека се соочила со тежок проблем после есетски зафат за ласерско смалување на носот во еден белградски естетски салон.

За тој естетски салон добила препорака од една другарка, а на Инстаграм страната на овој салон дополнително се информирала, па се што таму видела и прочитала и влеало доверба. Така и ја закажала првата консултација.

-На вратата пипуваше естетско студио, што беше доволно да не се посомневам дека може да се работи за некаква измама, бидејќи како некој би можел да добие дозвола за работа, а да не е стручен и квалификуван за тоа. Освен тоа, се изгледаше одлично, подобро од повеќето белградски клиники. О.М. ме мприми, прегледа, рече дека се ќе се среди и закажавме ласерски третман за две недели. Инаку, таа тој ласер го промовираше како единствен и најреволуционерни во Србија и се фалеѓе како и други лекари доаѓале кај нејзе за да се информираат и едуцираат, вели 31 годишната девојка М.Ф. за Блиц.

Кога дошла на првиот третман, почнал пеколот. М.Ф. тврди дека сопственичката на салонот била многу невопситана и груба и дека третманот, кој патем го рекламирала како безболен, толку бил болен што сакала да вреска.

-Ми вбрзига нешто во носот, рече дека тоа е анестезија, иако ниту ден-денеска не знам што ми даде, но секако тоа не беше анестезија. Толку ме болеше и печеше што мислев дека ќе умрам. Многу ме болеше, се обидов да и објаснам дека болката не се издржува и ужасно ме боли, на што таа само ми одговори, „не мрдај, доста кукаш“, вели девојката.

Додава дека после третманот „не знаела каде се наоѓа“ поради болки, што и било многу чудно. Кога се пожалила, добила одговор дека сето тоа е нормално, да го мачка носот со крема против лузни и дека се ќе биде добро. Платила 950 евра и се вратила дома.

-Ми рече никако да не допирам на местото на корекцијата. Направив се како што ми кажа и се надевав дека се ќе биде како што треба. Како местото заздрави, сфатив дека на левата страна од носот има дупка, а од десната страна ужасни нерамнини, а тоа е нешто што никако не смееше да се случи, додава таа.

Ја повикала О.М. за да и каже што се случило, дека е исплашена и загрижена. Се што добила како одговор, според нејзините тврдења е , „сето тоа е нормално, дојди на корекција“.

-Поминаа шест месеци и стапив во контакт со уште четири девојки кои исто така биле жртви на О.М. Тогаш се отвори Пандорината кутија.

Дознавме дека жената воопшто не е лекар, дека завршила екологија и курс по мадеротерапија и дека никако не смее да изведува вакви зафати. Се здруживме, поднесовме кривична пријава против неа, но се до сега се уште ништо не се случи, а колку што знам, таа жена и понатаму работи, раскажува М.Ф.

Таа сега оди на дерматолог кој бил шокиран од она што го видел.

-Дознав дека ткивото е потполно уништено, дека не се знае колку слоеви на кожа се изгорени, дека не може да ми вети оти ќе успее тоа да го поправи и дека сосема извесно ќе ми остане лузна до крајот на животот. Сега редовно одма на лекар, месечно плаќам по 400 евра во обид да ја оздравам својата кожа. Напредокот се гледа, но треба многу време за се да биде како што треба, вели девојката.

Денеска, седум месеци по ова лошо искуство, таа вели:

-Никогаш не го сакав својот нос, го мразев, но сега, после се, жал ми е што поради комплекс си го искомплицирав животот. Им порачувам на сите девојки пред се да се сакаат такви какви што се, да работат на внатрешното во себе, а доколку е ептен неопходно, тогаш добро да проверат кај кого одат, за да не поминат како мене, вели М.Ф.