Сабина Љаиќ им подлегна на повредите по сообраќајната несреќа што се случи во петокот вечерта во Матешево кај Колашин во Црна Гора, во која загина и нејзиниот сопруг Бенјамин Љаиќ.
Според информациите од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа, несреќата се случила на 18 октомври околу 21:20 часот, а во неа учествувале две возила.
Ден на жалост во Рожаје – Општина Рожаје соопшти дека со Решение на претседателот на општина Рожаје 20 октомври е прогласен за Ден на жалост.
„Поради трагичната смрт на наши сограѓани, млад брачен пар Бенјамин Љаиќ и неговата сопруга Сабина Љаиќ (родена Муковиќ), како последица на сообраќајна несреќа што се случи на 18 октомври, со Решение на претседателот на општината на Рожаје, 20 октомври е прогласен за Ден на жалост на територијата на нашата општина „Ја споделуваме огромната болка и длабоко сочувствуваме со семејствата Љаиќ и Муковиќ. Нашата заедница се соочи со голема загуба“, се вели во објавата.