Емануела – ќерката на Биба Додева, е огромна поддршка на мајка си во она што таа го работи, и секогаш е дел и од нејзините хуманитарни проекти, како и во здружението за борба против рак на дојката „Борка”.

Биба и Емануела се две неразделни другарки кои постојано се поддржуваат во сѐ, а покрај тоа и неверојатно многу си личат. Емануела е буквално копија на мајка си.

Пејачката објави фотографија од својата ќерка која е вистинска убавица.

Инаку Емануела е мајка на Хумберто Александар кој е роден во Португалија, а баба Биба често објавува фотки од внукот.

Во една прилика за медиумите, Биба раскажа дека истата љубов која ја чувствува за ќерка си, сега ја има и кон малиот Александар, и како баба гледа да е пример за сѐ. Првиот збор на внукот бил баба, а Биба е воодушевена и изненадена од посветеноста на Емануела, па ја смета за подобра мајка од себе, бидејќи стигала и да студира и да работи и да го чува синот.