Во близина на дојранското село Николич, профункционира новата плажа „Бич Бар Николич” за која уште минатата година, од страна на локалната самоуправа, беше најавено дека ќе се преуреди за туристите пред стартот на оваа летна сезона.

На плажата работи бар со капацитет за педесетина гости и на неа врз ситен песок се поставени лежалки за 250 посетители за кои е преуреден и паркинг за целосно урбанизирање на просторот.

– Езерското крајбрежје во Николич и неговата околина уште пред половина век беше познато по посетеноста на тогаш познатиот авто камп „Ачикот” и околните плажи кои по пример на оваа ветивме дека ќе им ги вратиме на туристите во употреба откако урбано ќе ги средиме – велат од Општина Дојран.

.

Фотографии: Патувања низ Македонија