Вечерва во мостарската населба Булевар се случила сообраќајна несреќа во која едно полициско возило се превртело, јавуваат регионалните медиуми.

Како што велат од Оперативниот центар на босанското МВР, во тек е истрага, по што ќе се знаат околностите под кои се случила оваа несреќа.

– Како што ми рекоа, истрага се уште е во тек, нема повредени – изјави за порталот „Аваз“ функционер од Оперативниот центар на МВР при Херцеговачко- неретванскиот кантон (ХНК).

📸