Хрватската полиција верува дека оваа жена има информации за измама што се случила во хотел на улицата Гајева на 7 јануари.

Загребската полиција објави фотографија од жена за која веруваат дека има информации за кривично дело измама што се случило во хотел на улицата Гајева на 7 јануари.

Имено, тогаш таа лажно му се претставила на маж (51) од БиХ како вработена во фирма која ќе му продава недвижен имот. Кога тој поверувал во приказната, таа му го украла авансот од неверојатни 200.000 евра.

– Доколку граѓаните имаат корисни информации за личноста на фотографиите, ги повикуваме да не известат со јавување во Полициска станица Загреб на 01/4563-520 или 192 . Исто така, граѓаните можат да достават корисни информации на е-маил адресата i.pp.zagreb@mup.hr . – соопшти полицијата.