Манекенката Кристина Димитријевска ги „запали“ социјалните мрежи со најновите фотографии кои ги сподели на социјалните мрежи.
Имено, атрактивната теточанка сподели фотографии на кои позира во црна долна облека, а во преден план е нејзиното совршено тело.
Се разбира, ова наиде на позитивни критики од страна на нејзините фанови, кои не штедеа позитивни зборови на нејзина сметка.
Таа е сликана во кујна, а во описот на фотографијата напиша:
„Дали сте гладни?“
Меѓу коментарите e и оној на Диџеј Боно, со кого Кристина последниве месеци настапува во ноќните клубови низ Македонија.
„Во цела куќа ми се сликаш“, ѝ напиша тој, а манекенката му одговори дека тоа е нормално, оти по цел ден се заедно.
„Секси кукле и секси газе“, „Згодна женска“, „Бомба во вистинска смисла на зборот“ – се само дел од коментарите.
Инаку Кристина неодамна започна и со музичка кариера, па во последно време може да ја видиме и како настапува по клубовите низ нашата држава.
Но, да се навратиме на фотографиите кои ги сподели денеска. Погледнете:
📷
📷