Марија Шерифовиќ во еден момент се симнала кај публиката да се фотографира со децата, а непозната жена ја нападнала сакајќи да се фотографира и во таа прилика ја удрила пејачката со телефонот во рака.

Марија по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил и откри што се случило, а во објавата може да се забележи дека Марија држи мраз на рамо.

– Концертот беше одличен. За прв пат по многу години решив да отидам во првите редови и да ги поздравам сите деца. И тогаш налетувам на најнеартикулираното суштество кое од „премногу љубов“ ми го повреди рамото, изјави Марија.