Во центарот на Скопје изгоре угостителски објект. Станува збор за познат ресторан на улицата „50-та Дивизија“ во непосредна близина на Клиничкиот Центар во Скопје.

Пожарот е изгаснат, а има сомнежи дека е подметнат. Полицијата истражува како избувнал.

На 16.04.2025 околу 03 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ФОТО: Телма