Дениз Ричардс, поранешната сопруга на Чарли Шин, веќе неколку дена гостуваше на шестиот интернационален фестивал „Canneseries“ во Кан, присуствуваше на забавата за премиерата на продолжението на серијата „Хартиена империја“ во режија на Роберт Гилингс.
Актерката ја игра една од главните улоги во оваа ТВ приказна, а на црвениот тепих убедливо направи скандал. На забавата се појавила со сопругот Арон Фајперс, а потоа на светот му приредила три вистински шокови.
Првиот шок беше тоа што таа не носеше долна облека, што јасно им кажа на сите. Вториот шок беше повеќе од експлицитниот бакнеж кој сопружниците го разменија пред сите. Таа во еден момент го извади јазикот и се препушти на страстите, а третиот шок предизвика огромно внимание. Дениз го помести шлицот и ја покажа интимата.
Тоа го направила додека се шетала со режисерот на серијата кој не можел да го сокрие своето чудење. А потоа ја повлече облеката додека позираше со својот насмеан сопруг. Скандал на годината! Сликите покажуваат дека ова не е случајно.
Дениз Ричардс пред неколку месеци објави дека е активна на „Only Fans“ заедно со нејзината ќерка Семи Шин. Актерката ја има ќерката Лола Роуз Шин со Чарли Шин, со кој беше во брак од 2002 до 2006 година. Таа се омажи по вторпат во 2008 година.