Александра Младеновиќ синоќа имала сообраќајна несреќа. Нејзиниот автомобил бил целосно уништен од силината на ударот на автобусот од возачката страна на колата.
Ова е поткрепено со фотографии од местото на настанот. Возилата се судрија во Белград на вода, а пејачката итно е префрлена во Ургентниот центар. Полицијата набрзо излегла на местото на настанот, а нејзиниот автомобил и автобусот на јавниот превоз биле отстранети од коловозот.
Пејачката, да потсетиме, во последно време е во центарот на вниманието на јавноста поради нејзиниот нов партнер. Нејзиното момче Дарко Добричанин не е од јавниот свет, а неодамна за прв пат се појавија заедно во јавноста.