Поранешниот капитен на Динамо Загреб и Динамо Киев, Домагој Вида ја израдува својата сопруга Ивана со луксузен подарок за Нова година, односно за нејзиниот 31 роденден.

Поранешниот хрватски репрезентативец Домагој Вида на својата сопруга и го купил најновиот модел на скапо Бентили, моделот Континентал ГТ.

Цената на овој атрактивен автомобил, во зависност од опремата што оди со него, се движи од 250.000 до 300.000 евра. Убавата Ивана, Мис на Хрватска за 2014 година, на социјалните мрежи веднаш се пофали со подарокот.

Домагој Вида (35) е фудбалер на АЕК Атина, а пред грчкиот клуб ги носеше дресовите на Бешикташ, Динамо Киев и Загреб, Леверкузен и Осиек.

Домагој Вида и Ивана Гуговиќ се запознале пред фудбалерот да стане познат и пред таа да стане мисица. Двојката се венча во 2017 година во Умаг. Ивана своевремено работеше како модел, а врската со Домагој стана сериозна во 2014 година.

На 6 јануари Ивана Вида го прослави својот 31 роденден. За да и покаже колку ја сака, Домагој Вида ја изненади со нов автомобил и букет жолти рози на седиштето. Како што пишуваат медиумите во Хрватска, Домагој Вида во неколку наврати и ја покажувал љубовта и вниманието кон сопругата со скапи изненадувачки подароци.

– Да можам да посакам некого, би посакала некој како тебе. Поглавје 31 започнува сега. Среќен нека ми е роденденот – напиша Ивана на социјалните мрежи.