Саксофонистот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа вчера (30.12) станаа родители на три бебиња.

Наташа роди две девојчиња и момченце, на кои им дадоа имиња на буквата Л.

За синот, Горан и Наташа избраа традиционално име – Лазар, додека девојчињата се Лена и Луна – едната со традиционално, другата со модерно име.

Парот доби бројни честитки за раѓањето на бебињата, а Горан ги сподели на Инстаграм Стори.