Се огласи обвинителството по објавата во некои медиуми во врска со претходни дела на 20-годишниот возач, осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.
Оттаму појаснуваат дека Обвинителството поднело обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор, која по предлог на Обвинителството била определена од самиот почеток на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
– Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“ се вели во соопштението на обвинителството.
Претходно од обвинителството беше објавено дека младиот возач возел без возачка дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло.
ПРЕД ДА ГО УСМРТИ ДЕВОЈЧЕТО ВАСИЛ СЕ СЛИКАЛ СО ЧАША ВИНО
Кратко пред убиството на булеварот Партизански одреди каде со 130 километри на час да ја прегази и усмрти 22 – годишната Фросина Кулакова, Васил Јованов Васо на својот Инстаграм профил објавил фотографија со чаша вино. Сликата сѐ уште е достапна на неговиот Инстаграм профил каде евидентно е дека пред да ја прегази младата невина Фросина тој бил под дејство на алкохол.