Мустафа Тиро (30) и Јасмина Селимовиќ (20) загинаа во страшна сообраќајна несреќа што во саботата вечерта се случи во Томиславград во Босна и Херцеговина.

Судијата за претходна постапка на Кантоналниот суд во Ливно, Недим Бегиќ, донел решение со кое го прифатил предлогот на Обвинителството на кантонот Ливно и му одредил едномесечен притвор на Иван Мишкиќ (22).

Тој е осомничен за тешки кривични дела против безбедноста на јавниот превоз од член 336 став 2, а во врска со загрозување на јавниот превоз поради интоксикација од член 333 став 1 од Кривичниот законик на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Мишкиќ е приведен поради сомнение дека во неделата на 12 март во три часот по полноќ, управувајќи мерцедес 204 во Сарајлије кај Томиславград без почитување на сообраќајните прописи, го загрозил јавниот сообраќај и ги загрозил животите на луѓето, предизвикувајќи смрт на две лица.

Пристигнувајќи на раскрсницата, каде што се наоѓа знакот СТОП, Мишкиќ не застанал да пропушти друго возило, автомобил Голф кој се движел од правец на Мокроног кон Оплечани, управуван од Јасмина Селимовиќ (20) и во кој биле Мустафа Тиро (30) и Анида Дилавер (20), сите од Томиславград.

Од судирот Голфот се извртел и го променил правецот, по што автомобилот удрил во аголот од објектот преку раскрсницата. Селимовиќ и Тиро починале ба лице место, а Дилавер со возило на Итна медицинска помош била пренесена во СКБ Мостар каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

По спроведената истрага, кај Мишкиќ е констатирана концентрација на алкохол во крвта од 1,85 г/кг.

Согласно оваа одлука, притворот може да трае до 12 април 2022 година или до ново решение на Судот.