Водителката Бубе Јаневска – Ивановска важи за една од најзгодните водителки, посебно откако се стави на режим на исхрана според нутриционист и ја доведе својата линија до совршенство.

Бубе освен што имаме прилика да ја гледаме на ТВ екраните на Канал 5 телевизија, таа е активна и на „Инстаграм“ каде што понекогаш знае да сподели фотографии кои најчесто се од нејзиното работно место.

Неодамна, започна 15-та сезона на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија, а Бубе блеска во новото студио.

Водителката на својот „Инстаграм“ сподели колаж фотографија на која е таа од 2008 година па досега во студиото на Канал 5.

Кога станува збор за приватниоит живот, Бубе не го експонира својот сопруг и ќеркичката, но понекогаш знае да направи исклучок и да објави по некоја фотографија, посебно кога има некој повод.

Така беше и овој пат. Имено, Бубе и нејзиниот сопруг Александар годишнина од бракот, поточно кажано 8 години заеднички живот.

Јаневска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави нежна објава од неа и сопругот. На фотографијата сопругот ја бакнува водителката во чело, а во описот таа напиша: „Ти и јас, 8“, мислејќи на тоа колку години се во брак.

За потсетување, венчавката на Буба и Александар се случи пред 8 години, а потоа во животот и добија ќеркичка.

Бубе на венчавката беше од елегантните невести во венчаница со едноставен крој кој ја следи линијата на телото, како и едноставно пуштена коса украсена со венче.