Горан Тонев, гитаристот во бендот на ДНК, по два месеца лекување во болницата во Солун, си замина дома.
Тој на Фејсбук објави фотографија на која е со завој на главата и на рацете, кои и денес говорат за повредите со кои се здоби во пожарот во дискотеката во Кочани.
На фотографијата, Горан е со болничкиот персонал кој се грижел за него изминатиов период.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” – Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија.
Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене.
Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“ – напиша тој.