Камионџијата кој е обвинет дека смртно покоси двајца работници на ХАЦ (Hrvatske autoceste) на автопатот А6, утрово е приведен во надлежното Државно правобранителство во Риека.
Станува збор за 68-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кому денеска му е изречена мерка притвор поради предизвикување сообраќајна незгода.
Да потсетиме, двајца работници на Хрватски автопати (ХАЦ), на возраст од 31 и 44 години, загинаа во средата наутро кога камион налетал на нивното патролно возило, кое било во лентата за застанување. Во несреќата загинаа 31-годишниот Дарио Манче и 44-годишниот Јосип Чоп.
Сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот и 20 минути помеѓу клучката Равна Гора и Врбовско во правец кон Загреб. Во моментот на несреќата работниците биле надвор од патролното возило, а двајца загинале.