Воз и камион се судрија на железничка пруга во Германија во близина на Убштат-Вајхер. Двете возила веднаш се запалиле.

Службите за итна помош и спасување се на терен по големиот инцидент.

Според Билд, судирот меѓу камионот и возот се случил на необележан железнички премин.

Според првичните информации најмалку едно лице загина, четири се повредени, а по две лица се трага, соопшти полицијата. Противпожарната бригада и полицијата се на терен.

Засега не е познато како дошло до инцидентот, а областа околу железничката пруга е затворена за сообраќај.