Синоќа на улицата „Бајрам Бахири“ во Приштина дошло до пукање кога едно лице било погодено, објави Индексонлајн. Како што се дознава, тоа е Ветон Гаши, попознат по прекарот Цанки.
Напаѓачот е во бегство, а во тек е потера. Гаши е хоспитализиран и е во стабилна состојба.
– Состојбата му е стабилна, има прострелни рани, повредите се на долните екстремитети и се лекува – изјавил доктор Ејуп Говори за Индекс онлајн.
Случајот го потврди и портпаролот на косовската полиција за регионот на Приштина, Агрон Боровци.
– Околу 20 часот и 15 минути е пријавено пукање на улицата „Бајрам Бахтири“ во Приштина. По добиеното известување, полицијата излегла на местото на настанот и според првите информации се дознало дека како резултат на тоа едно лице е рането од огнено оружје. Додека повредениот е упатен во ККУК за неопходна лекарска помош, полицијата продолжува со истражни дејствија, како и со други оперативно-истражни дејствија за откривање на осомничените, како и за целосно расчистување на околностите на настанот. – изјавија Боровци за ИндексОнлајн.