Автомобилот Ренџ Ровер кој денеска изгоре во трговскиот центар „Делта планета“ во Бања Лука е сопственост на познатата бањалуканска старлета Божана Вујиновиќ, потврдија за порталот „Аваз“.

Возилото експлодирало околу 16 часот и 20 минути во гаражата на трговскиот центар, каде се огласил аларм за пожар, што бил знак за евакуација на сите присутни.

За среќа, во пожарот нема повредени, а пожарот го локализирале припадници на противпожарната бригада на Бања Лука, кои интервенирале со две возила и пет пожарникари.

Во јавноста се шпекулира дека возилото било опожарено, но точната причина за пожарот не е соопштена бидејќи истрагата се уште е во тек.

Божана Вујиновиќ важи за една од најпознатите старлети од Бања Лука.

📸

📸