Манчестер Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победи Тотенхем со 3-2.
„Црвените ѓаволи“ во одличен натпревар успеаја да победат против лондонскиот клуб, а херој на мечот беше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик.
Сепак, ниту на овој меч не се прослави одбраната на Јунајтед, а повторно критикуван беше капитенот Хари Мегваер, кој си постигна автогол на синоќешниот натпревар.
Сепак, Мегваер и по натпреварот беше во центарот на вниманието. Овој пат тој не беше сам бидејќи Рафаел Варан беше мета на критики а сето тоа затоа што носеа ракавици, што му пречеше на легендарниот Рој Кин.
Што е тоа, дали се ракавици? Дали носат ракавици сериозно? Два силни стопери. Не ми пречи кога бековите носат ракавици, но најсилните луѓе да носат ракавици?
Мегваер ги соблече ракавиците кога натпреварот започна на Олд Трафорд, додека Варан го одигра целиот меч со ракавици на себе.