Саша Мирковиќ денес бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, јавуваат локалните медиуми.
Според „ Телеграф “, Саша Мирковиќ лежел на подот пред хотелот по нападот. Мирковиќ чекал брза помош, а потоа го однеле во болница за да му укажат соодветна медицинска помош.
Како што објавија гореспоменатите медиуми, се случила физичка пресметка помеѓу Мирковиќ и еден маж. Според неофицијални информации, двајцата се сретнале случајно на влезот од хотелот, но нивната средба брзо се претворила во жестока вербална расправија, која потоа ескалирала во тепачка.
Претепан од менаџерот Велибор Поповиќ
Саша Мирковиќ , сопственик и директор на „Хајп Продакшн“ и „Хајп Телевизија“, го обвини естрадниот менаџер Велибор Поповиќ дека го претепал пред хотел во Загреб.