Како што објавува ТППЕ во Прилеп, ноќеска бил пријавен пожар во викендица – работилница во близина на Прилеп. При интервенција од нивна страна е забележан настан кој одлучиле да го споделат со јавноста.
– Екипи од ТППЕ интервенираа на пожарот, при што пожарот за брзо време бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат. При интервенцијата од наша страна е приметен еден настан кој сакаме да го споделиме со вас, – велат од ТППЕ Прилеп, од каде додаваат дека, од пламените јазици бил изгорен и оштетен скоро целиот инвертар, но не и иконата од Господ Исус Христос, која била во внатрешниот дел на објектот.
Од нивна страна иконата е извадена надвор од опожарените делови на објектот.
Слава тебе господе… Амин. ✝️
Izvor: TPPE Prilep Pozarna