И покрај снежните врнежи кои претходните денови ја зафатија планината Голија во југозападна Србија, вчерашните високи температури на површина извадија неочекувани гости. Во селото Бела Вода мештаните снимиле долга змија на пат!

– Не можевме да веруваме во тоа што го гледаме. Тоа е поскок, не се сеќаваме да се случило ова претходно – изјавил за агенцијата РИНА еден од мештаните.

СЕ ВЕРУВА ДЕКА Е ЛОШ ЗНАК – според верувањата е претскажување за лоши настани

Според народното верување, ова чудно однесување на змиите во зима предупредува на природна катастрофа, што не ја исклучува можноста ниту од земјотреси. Според народните верувања, излегувањето на змиите во зима, претставува одредено претскажување за лоши настани.

– Луѓето отсекогаш се плашеле од појави кои не се секојдневни, а конкретни причини за страв не постојат. Некогаш се мислеше дека змијата што се појавила во зима е онаа што каснала некого во текот на годината, па земјата не ја враќа назад. Народот се плашел и тие појави секогаш биле поврзуван со некои лоши настани, вели етнологот Снежана Ашанин.

Експертите, пак, велат дека причините за оваа појава можеби се климатските промени. Змиите чувствуваат вибрации и тектонски нарушувања и затоа реагираат на начин кој не е вообичаен.

ФОТО: Агенција РИНА

– Можно е излегувањето да е предизвикано од некој извор на топлина, а имајќи предвид дека беше долга и топла есен, веројатно тоа може да биде причината, вели биологот Душко Брковиќ.