Повеќе фотографии беа доставени до ТВ Телма, на кои се гледа фрлена медицинска опрема. Според испраќачот, станува збор за влезот во подрумот на Интерните клиники во скопскиот Клинички центар, веднаш спроти хелиодромот.
На фотографиите се гледаат кутии во кои има заштитна медицинска опрема која се користеше за време на пандемијата, маски, ракавици, калјачи и мантили. На една од кутиите стои знак „rescEU“ што упатува дека станува збор за непотрошени количини на заштитна медицинска опрема добиена како донација од ЕУ за време на пандемијата.
На кутијата има исто така налепница со симболот, логото н ДЗС, Дирекцијата за заштита и спасување. За време на пандемијата трошеше големи суми на пари за набавка на еднократна медицинска опрема, но исто така добиваше и донации кои според сликите сега се расфрлаат низ Клинички центар.
Сликите се направени кај подрумите на Интерните клиники каде е влезот преку кој се внесува храната за пациентите, не извести авторот на фотографиите.