Автомобил со скопски таблички попладнево предизвика незгода на најголемиот скопски булевар Партизански одреди во близина на Универзалната сала.

Автомобилот се движел во правец кон Центар и излетал од булеварот при што разнел два од новите коспки пластични контејнери. На лице место имаше расфрлано ѓубре на тротоарот, додека полицајците вршеа увид.

Претходно, автомобилот удрил во столпчињата кои го „бранат“ тротоарот и пешаците од автомобилите и откорнал неколку од нив.

Од полицијата побаравме повеќе информации за незгодата.

📸