Познатата инфлуенсерка Драгана Спасовска која веќе неколку години живее и работи во Дубаи, од неодамна се „поднови“ со нов задник.
Имено, атрактивната скопјанка пред неколку недели се реши да ги искористи благодетите на пластичната хирургија и со тоа да добие задник каков секогаш посакувала.
Вчера таа направи „промоција“ на новиот задник на социјалните мрежи, објавувајќи неколку фотографии на кои се гледа нејзиното ново ремек-дело.
„Да, вистина е. Се решив на овој чекор бидејќи сакав да имам совршено обликуван задник. Операцијата ја направив пред месец дена во една приватна клиника во Турција и многу сум задоволна од целиот третман, условите и од резултатот најмногу. Деновиве добив многу прашања колку ме чинеше овој зафат, но навистина не би сакала да откријам. Се работи за неколку илјади евра“ – ни изјави Спасовска.
Инаку таа на македонската јавност стана позната уште пред неколку години, се појавуваше во емисии, правеше жешки фотосесии, а исто така во јавноста се појавија и фотографии каде таа е во друштво на фудбалската ѕвезда Пике.
Погледнете го „новиот“ задник на Драгана…