Додека некои одат на естетска хирургија и прават други корекции на себе, ТВ водителката Снеже Велков пак, покажа каков луксуз си дозволува за себе си.

Загадувањето во Македонија е на завидно ниво, особено во овој период од годината кога надвор е зима, па што друго би било луксуз ако не чистиот воздух.

Затоа, Снеже замина да ја нахрани секоја клетка со кислород и да го надополни недостатокот за да има добра кондиција.

Сепак, не во природа, туку на сосема друго место.

Таа овој пат се снимаше легната на кревет и приклучена на кислородна боца, а сето тоа го сподели со следбениците на социјлната мрежа Инстаграм:

– И за крај на работниот ден да си ги нахранам клетките со добар кислород за утре да имам добар фокус и бистар ум – напиша таа и додаде емотикон смајли.

Снеже инаку е позната по здравиот начин на живот. Таа не пропушта да вежба без исклучоци, се храни здраво , а сега ужива и кислорот преку хипербарична комора.

Снеже ги има сите информации и сугестии, па за се’ она што остави дилеми и прашалници, ДМ сандачето на познатата водителка е отворено.