По добиена дојава за запалено возило и гаража, ТППЕ Кавадарци интервенираше со 3 возила и 6 пожарникари, информираше вечерва градоначалникот Митко Јанчев.

Пожарот за кратко време е локализиран. Оштетено е едно возило голф 4 ( бензин/плин ), трактор и дел од гаражата.

– Според очевидци пожарот настанал од тракторот но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, соопшти Јанчев.

По добиена дојава за запалено возило и гаража, ТППЕ Кавадарци интервенираше со 3 возила и 6 пожарникари. Пожарот за…

Posted by Митко Јанчев on Saturday, February 24, 2024