Утрово околу 7 часот и 30 минути се случила сообраќајна несреќа кај Дубровник, јавуваат хрватските медиуми.

Во несреќата, две возила – едното со германски, а другото со дубровнички регистарски таблички, директно се судриле, по што сообраќајот бил привремено затворен. Во несреќата има повредени, јавува Дубровачки Вјесник.

Причина за сообраќајната незгода е тоа што автомобил со германски таблици не се движел среде сообраќајната лента. Во еден момент автомобилот преминал на спротивната лента и удрил во возилото со дубровнички регистрации.

Итната помош, пожарникарите и брзата помош утринава излегле на терен. Увидот на полицијата на местото на несреќата е завршена, а патот е повторно пуштен за сообраќај.