Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во источен Солун при што автомобил покосил три лица, јавуваат грчките медиуми.
Според првите информации, инцидентот се случил нешто по 11 часот, во близина на реонот на аеродромот, на поврзувачкиот пат ЕО Солун – Полигирос со Пераја.
Под засега непознати околности, возилото поред првичните информации прегазило брачен пар на возраст од 37 и 34 години со нивното 2-годишно дете, при што сите биле повредени. Автомобилот, како што може да се види на сликите, завршил во нива – двор од куќа, ја скршил оградата и застанал во дрвјата.
Според информациите, состојбата на родителите е сериозна и, според медицинските лица, било оценето дека е потребно да се интубира еден од двајцата, при нивното префрлање со возила на Итна помош во болницата Папагеоргиу. Состојбата на детето не предизвикува загриженост.
На оваа кривина имало и други сообраќајни незгоди, изјави жител на околината.
Според мајката на возачот на автомобилот, која пристигнала на местото на настанот, нејзиниот син во моментот на несреќата ѝ се јавил на телефон и рекол „нема да верувате, удрив три лица со автомобилот“.
Таа рече дека нејзиниот син е во шок, има модринки и во моментов дава исказ во полиција. Полицијата од своја страна, во рамки на прелиминарната истрага испитува дали возачот бил во алкохолизирана состојба, додека првостепениот обвинител кој бил информиран за настанот дал наредба за притвор.