Тешка несреќа се случила синоќа во Белград во која животот го загубиле две лица.

Српските медиуми јавуваат дека во несреќата починале 22 годишна девојка (Л.З) и малолетник на возраст од 14 години (С.С). Загинатите биле братучеди.

Надлежните служби утринава добиле повик во кој било кажано дека во канал полн со вода пронајден е автомобил во кој има две тела. Се работи за автомобил „Опел зафира“ кој излетал од патот и завршил во каналот.

– Двајцата биле во автомобилот со уште две лица, момчето В.С. (32) и пријател на починатата девојка. Како што дознава „Новости“ од извор од полицијата, четворицата тргнале во Глогоњ да го однесат дома малолетниот С.С., а откако застанале да одморат, Л.З. од момчето го побарала автомобил, со цел самата да се повози со нејзиниот братучед.

Меѓутоа навигацијата ги однела на пат за Врбовско. Откако тргнале по вистинскиот пат, кај точката 42 под се уште неразјаснети околности излетале од патот.

Како што истакнува нашиот извор, полицијата два часа го барала возилото поради густата магла која ја намалила видливоста.

Ангажиран е багер кој ги извлекол остатоците од автомобилот „опел зафира“ каде биле пронајдени телата на несреќните жртви. Лекарската екипа на Брзата помош веднаш констатирала смрт на две лица.

Полициски екипи извршиле увид.

📸

📸

📸

📸