Двe млади момчиња загинаа во страшна сообраќајна несреќа рано утрово околу 6 часот и 30 минути во местото Кула кај Кутјево во Хрватска.
Како што објави порталот pozega.eu, млади момчиња на возраст од 18 и 20 години загинале во сообраќајна несреќа што се случила во тоа село.
Од полицијата во Пожега велат дека автомобил излетал од патот и удрил во дрво. Загинаа две лица.
Дел од државниот пат Д51 поради увид е затворен за секаков сообраќај, а се споредни обиколници.