Шведскиот фудбалски репрезентативец, Дејан Кулушевски, кој е роден во Стокхолм, но има македонско потекло, деновиве е на одмор во Охрид, родниот крај на неговите родители.

Кулушески кој е стандарден првотимец на англискиот фудбалски гигант Тотенхем, заедено со уште неколку познати фудбалери, меѓу кои неколку играчи на „Стохлолм“ како и фудбалерот на Брајтон, Јасин Ајари се во охридското село Орман, на гости кај дедото на Кулушевски.

Самиот Кулушевски и неговите другари велат дека мошне убаво се чувствуваат во Охрид, дека уживаат во добро јадење и добро друштво, како и дека градот и околината се прекрасно место за одмор по напорните натпревари.