Русинот Василиј Камоцкиј стана популарен поради доминантните победи во натпреварите во шамарање, но неговото дебитирање во боксерски меч мина катастрофално.

Камоцкиј е познат како рускиот крал на шамарите, откако неговите вирални снимки собраа над 50 милиони прегледи на YouTube. Исто така, на Instagram го следат околу 170.000 обожаватели.

Во 2019 година Русинот стана светски шампион во удирање шамари, но во боксерски меч без ракавици заработи доста удари.

Тој објави морничави фотографии од последиците по дебитирањето во боксерски меч, а успеа и да се пошегува на своја сметка.

„Сакав да се борам. Влегов во борба и погледнете ми го лицето“, порача тој.

Во разговор за Marca, тој се пошегува дека жена му го претепала додека бил во шопинг, затоа што не сакал да ѝ купи накит.

📸

🎥

View this post on Instagram

A post shared by 𝙈𝙖𝙧𝙞𝙮𝙖 (@marikova_lu)