Четири члена на едно семејство загинаа во четвртокот во швајцарското одморалиште Монтре, а 15-годишен тинејџер е во критична состојба откако скокнале од балкон лоциран на седмиот кат од зградата.
Починаа 40-годишниот татко, неговата сестра близначка, сопругата и ќерката (8), додека неговиот 15-годишен син преживеал.
Полицијата соопшти дека се уште се истражува причината за падот, но ја отфрлиле можноста во станот да имало уште луѓе кои на било кој начин би ја предизвикале трагедијата. Швајцарските медиуми објавија дека се работи за семејство од Франција и дека скокнале од балконот.
– Пет члена од исто семејство паднале од балкон на зградата. Загинаа маж, две жени и млада девојка, а тинејџерот е хоспитализиран во тешка состојба, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Ројтерс.
Паднале откако полицајци дошле на вратата
Полицијата соопшти дека во пресрет на падот, полицајците отишле пред станот со налог за таткото кој не одговарал на повиците од училиштето да го провери образованието на неговиот 15-годишен син. Тинејџерот се школувал во домот.
Откако заѕвониле, полицајците слушнале глас кој доаѓал од станот и барал тие да се претстават. Кога тоа го направиле, гласот од другата страна престанал да им одговара и тие се подготвувале да ја напуштат зградата. Полицајците се уште биле во зградата кога сведок повикал полиција и рекол дека повеќе луѓе паднале од балконот, изјави портпаролот на полицијата во швајцарскиот кантонот во кој се наоѓа Монтре.
„Полицијата дошла да му врачи повик на таткото“
Портпаролот на прес-конференција рече дека локалните власти обично испраќаат полиција да посетува поединци кои постојано не одговараат на писмените повици.
Тој рече дека едно од децата кои биле во станот се школувало од дома, што е легално во Швајцарија, но бара рутински проверки. Кога родителите не одговараат на барањата за тие проверки, полицијата може да ги повика, изјави полицискиот портпарол.
📸
📸
📸