Таткото на Данка Илиќ, Милош Илиќ (30) денеска околу 14 часот дошол во полициската станица во Бор во придружба на своите родители на информативен разговор во врска со исчезнувањето на неговата ќерка.

Милош Илиќ дошол во полиција со татко му и мајка му со автомобил, семејниот бел „форд“, а новинарите на „Блиц“ го затекнале пред станицата. Дедото на Данка Илиќ потоа кратко разговараше со репортерот на „Блиц“.

– Замор и тага се гледаат на лицето на таткото на Данка Илиќ, а неговиот поглед е замислен. Ќутејќи само гледаше во далечината, пишува „Блиц“.

Претходните денови таткото на Данка Илиќ во неколку наврати доаѓаше во полициска станица за да даде изјава за исчезнувањето на неговата ќерка. Како што пишувавме, тој со инспекторите разговарал за кобниот ден, но и за односите со други лица од неговото поблиско опкружување.

Како што претходно напиша „Блиц“, таткото на Данка Илиќ (2) поминал полиграф.

– Се додека не се расветлат сите околности и не се дознае судбината на детето, родителите ќе бидат сослушани за различни околности и информации добиени при потрагата по девојчето – вели изворот на „Блиц“.