Денеска околу 15 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа татко и син во соседна Србија.
Како што објавуваат медиумитњ, животот го загубиле Никола Милојевиќ (35) и синот М.М.(2).
Сообраќајната несреќа се случила на патот Влајковац – Уљма кај Вршац.
Како што можете да видите на фотографијата автомобилот во кој се наоѓале таткото и синот е целосно уништен, поточно останал само задниот дел од возилото.
– Се судриле автомобил „шкода“ со романски таблички и камион со приколка од Ваљево – вели изворот.
Според очевидци, возачот на „шкодата“ непрописно претркнувал и дошло до директен судар со камион кој доаѓал од спротивната насока.