На гламурозен настан, во прекрасна атмосфера со многу гости и музика, синоќа во Скопје беше избрана нашата претставничка за Мис Универзум 2024.

Теа Ѓоргиевска е Мис Универзум на Македонија 2024.Висока е 180 см и има 21 година.

Таа ја доби оваа ласкава титула вчеравечер (08.10) на гламурозниот избор што се одржа во Националната опера и балет

Теа од Куманово беше избрана за најубава Македонка во конкуренција на 20 девојки и ќе ја претставува земјава на светскиот избор што ќе се одржи на 16 ноември 2024 во Мексико Сити, Мексико.