Пејачката работи со полна пареа и ги полни клубовите низ Европа.

Теа Таировиќ е дефинитивно една од најбараните балкански пејачки, која каде и да пее заработува доста пари, а новата снимка го докажува токму тоа.

На видеото кое се појави на социјалната мрежа Инстаграм, а го сподели и самата пејачка на својот профил, се гледа дека е облечена во бели панталони и метален градник додека во раката држи куп бакшиш.

Во еден момент таа почнува да мафта со банкнтотите што ги држи во рака додека сите се маѓепсани од нејзината витка фигура.