Утрово во Земун се случило страшно убиство.

Маж на околу 40 години по вербална расправија го убил соседот со два истрели во главата. Како што изјавија за „Република“ соседите, биле разбудени од истрелите.

Според извори на „Република.рс“, најпрвин дошло до вербална расправија и тепачка меѓу соседите, а потоа еден од нив извадил пиштол.

– Сите сме во шок, не разбудија два истрели – рекол соседот.